Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на априлските пензии од понеделник, 26.04.2021 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од понеделник и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

 

  • понеделник 26.04.2021 година, исплата на пензии до 11.000 денари
  • вторник 27.04.2021 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
  • среда 28.04.2021 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
  • четврток 29.04.2021 година, исплата на пензии над 18.000 денари

 

За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, апелираме при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.