Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека во периодот од 05.07.2021 до 29.08.2021 нема да работат експозитурите „Ѓорче Петров 2“, „Водњанска“, „Чешма“, „Кјуби“ и „Ново Лисиче“. На располагање на клиентите ќе им бидат експозитурите на Банката кои се наоѓаат во непосредна близина – „Ѓорче Петров“, „Букет“, „11 Октомври“, „ГТЦ“ и „Бисер“.

Секако, клиентите може да ги извршат своите финансиски трансакции и преку дигиталните канали Интернет банка, мБанка и KomPay, широката мрежа на банкомати и дигиталните експозитури на Комерцијална банка, кои им се на располагање 24/7.