Директорот на ФИТР, Коста Петров денеска даде отчет засработеното во изминативе 6 месеци откако е на чело на Фондот за иновации и развој.

„По шест месеци од моето именување за директор на ФИТР, со гордост сакам да споделам серија успешни проекти, иницијативи и активности кои ги направивме. Без одличниот тим на ФИТР со кој работам, сето ова немаше да биде реалност. Сосема свесни дека пред нас има уште многу работна но и полни со енергија и ентузијазам за нови предизвици“, вели Петров.

Формиравме Национален стартап совет преку кој за прв пат државата заедно со преставници од екосистемот развива стратегија за трансформација на македонскиот стартап екосистем.

Со Националниот стартап совет подготвивме листа на потребни законски измени за побрз развој на македонските стартапи. На првиот Национален стартап самит на 28ми мај и официјално ќе ги презентираме овие, повеќе од потребни, законски измени.

Заедно со Стартап Македонија изработивме истражување за трендовите и предизвиците во македонскиот стартап екосистем. Резултатите од истражувањето ќе ги презентираме веќе идната недела.

Ја објавивме првата програмата на ФИТР за Корпоративна иновативност чија цел е поголема соработка помеѓу македонските корпорации и стартапите. Со Тинекс, нашиот прв корпоративен партнер, во тек е Јавниот повик “Стартап Херои” преку кој на стартапите со иновативни производи им овозможуваме пласман на специјално брендирани полици во маркетите на Тинекс ширум земјата.

Ги вклучуваме и банките во развојот на македонскиот стартап екосистем. Две банки веќе креираа специјални пакети за нашите иноватири. Оваа недела потпишуваме договор и со трета банка а до крајот на месецот, уште две банки ќе се вклучат на нашата иницијатива. Преку оваа иницијатива, македонските банки за прв пат ги олеснуваат условите за кредити за македонските иноватори!

ФИТР стана стратешки партнер на Amazon Web Services. Преку оваа соработка, ФИТР им нуди на македонските стартапи кредити од 10.000, 25.000 и 100.000 американски долари, за кредити за користење на оваа глобална платформа.

Двојно го зголемивме буџетот за Јавниот повик за Кофинансирани грантови за технолошки развој. Пристигнаа 706 рекордни апликации а во тек е претселекција на пристигнатите апликации.

Целосно го ревидиравме повикот за стартап и спин оф компании и за прв пат овозможивме аплицирање за проектни тимови. За прв пат и средствата преку овој јавен повик се неповратни.

Со МОН го објавивме јавниот повик “Предизвик за млади истражувачи #4

За прв пат организиравме Јавен повик за дигитализација на земјоделството

Владата на РСМ избра три нови членови во Комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР вклучувајќи го и Претседеталот на КОИ – Марвин Лиао, инаку поранешен комерцијален директор на Јаху и основач на 500 стартапс во Сан Франциско.

ФИТР стана прва државна институција сертифицирана со ISO 37001: 2017 стандардот за борба против корупција.

Целосно ја ревидиравме менторската програма на ФИТР и за прв пат вклучивме менторска програма за потенцијални корисници и одбиени корисници.

Заедно со Семос Едукација организираме бесплатни обуки за 1000 лица за вештачка интелигенција

Импакт евалуацијата на „Фајнанс Тинк“ потврди дека финансиската поддршка од #ФИТР е ефективна и треба да ја задржи досегашната форма.

Организиравме над 30 инфосесии со водечки експерти од земјава и странство, вклучувајќи и претставници од Facebook, YouTube & Lego

Потпишавме меморандуми за соработка со Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост, МАСИТ, USAID, Startup Macedonia, Државниот завод за индустриска сопственост и ред други стратешки партнери.

Владата донесе одлука за формирање работна група за подготовка на Национална стратегија за вештачка интелигенција, a #ФИТР ќе обезбеди номинации за членови на работна група.

✊Во следните шест месеци продолжуваме со уште позабрзано темпо:

?Прв јавен повик за лабаратории за производство – FAB Labs

?Јавен повик за доделување на финансиски средства преку Иновациски ваучери

?Јавен повик за финансирање на предлог проекти преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации

?✊Наш најголем приоритет останува регистрирањето на нашиот прв Инвестициски фонд преку кој сериозно ќе го олесниме пристапот до финансии за најниновативните македонските стартапи!

??Со големи и брзи чекори одиме кон позиционирање на Северна Македонија како регионален стартап хаб.

?Продолжуваме понатаму! Иднината им припаѓа на стартапите!