Кризата во Украина и воениот напад на Москва веќе има силно економско влијание, глобално. Ќе биде и полошо, анализираат светските аналитичари. Според последните информации и Федералните резерви – американската централна банка ќе има соsтанок на 15 и 16 март. Се очекува ФЕД да ги зголеми каматните стапки на тој состанок за прв пат од 2018 година.

Џером Х. Пауел, претседател на Федералните резерви, зборуваше пред пратениците и изјави дека Централната банка е подготвена да ги подигне каматните стапки на состанокот овој месец додека се обидува да ја заузда високата инфлација – велејќи дека иако руската инвазија на Украина ја зголемува економската несигурност , сè уште не ја потресува ФЕД од својот курс.
Уредничката Пати Дом пишува дека станува се понеизвесно.

„Нападот на Русија врз Украина ќе доминира во фокусот на инвеститорите во неделата што следи. Пазарите беа многу нестабилни во изминатата недела, при што акциите се распродадоа. Кризата ги надополнува проблемите со инфлацијата во светот, со тоа што нафтата и мноштвото други артикли нагло се поскапуваат. Индексот на потрошувачките цени за февруари ќе биде објавен во четврток и се очекува да покаже нов остар скок на потрошувачката инфлација, пишува Дом.

Инаку, се погласни се шпекулациите дека и Европската централна банка ќе мора да ги зголеми каматните стапки порано од очекуваното.

„ЕЦБ нема да има друг избор освен да размисли за овој остар пораст на инфлацијата, но ФЕД нема да ги одложи своите планови, така што повторно ќе бидеме сведоци на поголеми разлики во монетарната политика“, вели Мајк Кели, аналитичар во PineBridge Investments.