Асоцијацијата Diem, поддржан од технолошкиот гигант Facebook Inc. се обидува да воведе глобална дигитална валута подоцна оваа година, објави во вторникот деловната телевизија ЦНБЦ повикувајќи се на извори запознати со плановите.

Дигиталната валута поддржана од Фејсбук, порано позната како Libra, се очекува да биде врзана за американскиот долар (да постои како т.н. „стабилна валута“) по нејзиното лансирање во „поограничена“ форма во 2021 година.

Изворот на CNBC, кој бараше да остане анонимен, бидејќи деталите сè уште не се објавени во јавноста, рече дека пилот-проектот ќе биде мал, главно фокусиран на трансакции помеѓу индивидуални корисници. Исто така, може да има опција потрошувачите да купуваат стока, додаде тој. Сепак, нема потврден датум за почеток на Diem и затоа времето на започнување може да се промени.

Асоцијацијата Diem со седиште во Швајцарија сега е во фаза на добивање дозвола за плаќање од регулаторните тела на земјата. Името Libra беше сменето во Diem во декември минатата година.

Здружението Diem изгуби многу членови скоро две години по првичното создавање. Visa, Mastercard и Stripe беа меѓу првите компании кои се повлекоа од здружението. Останатите членови истотака заминаа, вклучувајќи ги PayPal, eBay и Vodafone.

Клучна предност на дигиталната валута Дием, поддржана од Фејсбук, е т.н. „мрежен ефект“ што лидерот на социјалните медиуми го носи со себе. Самата асоцијација сè уште е поддржана од големи компании како Shopify, Spotify и Uber.