Индексот на трошоците на животот во јануари 2023 година (инфлација), во однос на јануари 2022 година, бележи зголемување од 17.1 %, а индексот на цените на мало зголемување од 13.3 %, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во однос на претходниот месец, пак, индексот на трошоците на животот во јануари 2023 година, изнесува 100.1, а на цените на мало изнесува 99.6.

Пораст на трошоци во јануари 2023 година, во споредба со претходниот месец има кај: кафето, чајот, какаото за 1.9 %, рибата и морските плодови за 1.6 %, свежото и разладеното овошје…

Исто така, и кај собирањето смет за 4.6 %, весници, книги и канцелариски материјал за 4.3 %, електричната енергија за 3.7 %, производи за лична хигиена за 1.4 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, мебелот и покуќнината, теписите и другите подни покривки, фризерските салони и центрите за разубавување… туристичките аранжмани за 0.8 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.7 %, накитот, часовниците и рачните часовници, другите финансиски услуги неспоменати на друго место за 0.6 %, поправки на живеалиштето, течните горива за домаќинствата, велосипедите, гасот за домаќинствата, цврстите горива за домаќинствата за 0.2 % и друго.

-Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 10.3 %, маслото и маснотиите за 3.2 % и виното за 0.5 %. Намалување има и кај воздухопловниот патнички транспорт за 23.4 %, снабдувањето со вода за 4.4 %, медиумите за снимање за 3.0 %, обувките за 2.6 %, услугите за сместување за 1.8 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.1 %, облеката за 0.4 %, малите електрични апарати за домаќинствата, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.2 %, објави ДЗС.