Повеќе од 20 милиони шведски круни (околу 2 милиони евра) се украдени во еден месец преку банкарски измами ова лето.

BankID е електронски систем за идентификација оригинално развиен од банките, а користен во шведското општество, меѓу кои и владата, бизнисмените, банките и други организации.

Но измамниците го користат системот за да ги земат парите на граѓаните во нивни раце.

Минатиот месец само украдени се 19.6 милиони круни (околу 2 милиони евра), според полициските извештаи јави Dagens Nyheter. Во јуни украдени се 21,6 милиони круни.

„Ова стана голем национален проблем што му се заканува на системот“, вели Стефан Ларсон, полициски истражител во одделот за сериски криминал.

 

Двајца беа осудени на затвор кон крајот на јули во прв случај за ваква банкарска измама, а други три лица чекаат казна во септември за слична измама.

Најчесто измамата оди вака: некој ви се јавува и ви вели дека вашата банкарска сметка била хакирана. Се преправа дека е полицаец и ве информира да очекувате повик од банката.

Вториот повик е од човек кој се претставува како банкасрки службени кој ви вели да се логирате на сметката преку BankID. Но, вие веќе сте го отчукале вашиот персонален идентификациски борј на банкарскиот вебсајт, а кога се логирате им дозволувате пристап до вашата сметка.

Потоа ви велат да се логирате подоцна повторно, со што вие неброено пати префрлате пари од вашата на друга сметка која веќе тие ја назначиле.

Најдобар начин за заштита на корисниците на BankID од вакви измами е никогаш да не го кажуваат својот персонален код или информациите да не ги споделуваат кога некој ги контактира.

Најдобро е, советуваат од банката, ако добиете ваков повик да спуштите слушалка и да се јавите во банката.