Економијата на Руската Федерација подобро се справи со притисоците од санкциите отколку што се очекуваше, објави Меѓународниот монетарен фонд во својот извештај овој месец.

– Руската економија, како што се испостави, е многу поотпорна на санкции отколку што очекуваа многу експерти. По остриот пад во вториот квартал од минатата година, економијата сериозно закрепна во третиот и четвртиот квартал, намалувајќи го падот на производството во текот на 2022 година на 2,1 отсто, наведува ММФ.

„Неочекувано силни резултати“ на крајот на минатата година се поврзуваат со стабилен извоз на нафта и раст на цената на нафтата.

Сепак, во текот на оваа година ММФ очекува нагло намалување на даночните приходи поради падот на цените на нафтата и гасот, додека БДП се очекува да порасне за 0,7 отсто.

Помошникот на претседателот на Русија, Максим Орешкин, пред неколку дена изјави дека земјата очекува растот на БДП да биде меѓу еден и два отсто.

Економијата на Руската Федерација, како што рече, почна да бележи позитивен тренд во јули минатата година. Платите се очекува да пораснат на крајот на април и на крајот на годината, а државата како стратешка цел го постави формирањето на нов економски модел кој ќе и овозможи на Русија да стане независна.