Најбогатиот Србин и можеби најбогатиот човек во регионов, Мирослав Мишковиќ започна огромен проект кој ќе го носи името Ананас, а ќе биде пандан на Амазон.

По повод 30 годишниот јубилеј на компанијата Делта, Мишковиќ одлучи да ја прави најголемата онлајн платформа на Балканот. Ананас е проект кој ќе чини 100 милиони евра и има за цел да биде лидер. Според Мишковиќ ќе ги земат најголемите умови за оваа работа од светот.

Делта Холдинг важи за една од најголемите компании која во последните 30 години има вкупен приход од 24 милјарди евра, има профитирано 2.5 милјарди евра во продажба на бизниси и инвестирани 2.5 милјарди евра. Како компанија во буџетот на Србија има платено повеќе од 3 милјарди евра за данооци и придонеси од 2000 година навака.

Во Делта Холдинг работат повеќе од 35.000 луѓе, а има инвестирано и 35 милиони евра во корпоративно општествено одговорни проекти.

Мирослав Мишковиќ како човек одлучи да не се богати повеќе. Според неговите изјави тој завршил со неговото заработување пред 20 години. Сега се насочил кон богатење на своите соработници и вработени, како и за подобра Србија.