Магазинот Блумберг објави рејтинг на најбогатите семејства во светот. На прво место е семејството Волтон со богатство од 238,2 милијарди долари.

Семејството Волтон ги поседува супермаркетите Walmart. Во последните 12 месеци нивното богатство се зголеми за 12 милијарди долари.

На второ место е семејството Марс (141,9 милијарди долари), кое произведува кондиторски производи „Марс“.

На третото место е семејството Кох (Кох индустрии) со 124,4 милијарди долари.

Меѓу првите 25 најбогати семејства е индискиот клан Амбани (Reliance Industries) со 93,7 милијарди долари, француското Вертемерс кои го поседуваат брендот Шанел (61,8 милијарди долари).

Исто така, на листата е семејството Ерме (кое го поседува модниот бренд Хермес) – 111,6 милијарди долари, како и кралското семејство на Саудиска Арабија со 100 милијарди долари.

Според Блумберг, богатството на 25 -те најбогати семејства во светот изнесува 1.700 милијарди долари – тоа е за 22 проценти повеќе (312 милијарди долари) отколку претходната година.