Трговската војна и загриженоста за економијата на САД имаат големо влијание врз овогодинешниот индекс на милијардери на Блумберг

Најбогатите луѓе на Земјата имаат изгубено 511 милијарди долари оваа година, откако спечаленото во првото полугодие беше избришано од распродажбата на пазарите на капитал во второто полугодие, пишува во својата анализа Bloomberg.

Тензиите околу светската трговија и стравот од рецесија во САД ги поведоа пазарите кон црвена територија на крајот на годината, оставајќи ги 500-те лица од Bloomberg Billionaires Index со вкупна нето состојба од 4,7 трилиони долари.

Ова е само втор годишен пад на индексот од стартот во 2012 година и претставува силен пресврт во однос на почетокот на годината, кога оптимистички настроените инвеститори ги охрабрија пазарите и инвестициските циклуси со богатство од рекордни 5,6 илјади милијарди долари.

“Но, во подоцнежна фаза анксиозноста на инвеститорите порасна”, коментира Кејти Никсон, главен инвестициски директор во Northern Trust Wealth Management. “Не очекуваме рецесија, но ги имаме предвид ризиците пред глобалниот раст”.

Дури и Џеф Безос, кој забележа најголем раст на богатството во 2018 година, не беше сигурен околу нестабилноста. Во септември богатството му достигна 168 милијарди долари, зголемено за 69 милијарди долари. Подоцна тоа се намали за 53 милијарди долари – повеќе од пазарната вредност на Delta Air Lines или Ford Motor што го остава со 115 милијарди долари на крајот на годината.

Основачот на Amazon.com сепак имаше подобра година од Марк Цукерберг, кој забележа голема загуба во јануари. Богатството му падна за 23 милијарди долари, откако Facebook се соочува со криза по криза. Генерално 173-те американски милијардери на листата (најголемата група), изгубиле 5,9% од богатството и конечно имаат 1,9 илјади милијарди долари.

Азиските 128 милијардери во индексот изгубиле 144 милијарди долари од состојбата во 2018 година. Тројцата најголеми губитници во Азија се од Кина, предводена од лидерот на Wanda Group Ванг Џиенлин, чие богатство е намалено за 11,1 милијарди долари.

И покрај проблемите Азија продолжува да носи нови членови во клубот на милијардери. Во индексот се додадени 39 нови членови од регионот оваа година, иако некои од нив го задржале својот статус само за кратко.

За Блискиот Исток годината беше доста турбулентна. Иако многу од милијардерите обвинети за корупција, беа ослободени, сомнежите и стравот од методите користени од кралството Саудиска Арабија, ја оладија саудиската економија.

Најбогатиот човек во кралството принцот Алауид, кој беше лансиран во март по 83 дена во притвор, загуби 3,4 милијарди долари. Нето богатството му е намалено за 60% од максимумот му во 2014 година

Од основачот на Zara Амансио Ортега до поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони – повеќето европски милијардери се судрија со пад на своето богатство. Германското семејство Шефлер, мнозински акционер во производителот на автомобилски делови Continental, загуби дел од средствата поради сложените деловни услови во Европа и Азија, кои ги погодија перформансите на компанијата.

Мексиканецот Карлос Слим, кој е мнозински акционер во најголемиот мобилен оператор во Латинска Америка, исто така доживеа сериозни загуби. Некогаш најбогатиот човек во светот, сега е шести со 54 милијарди долари.

Руските милијардери се претставија подобро. Нестабилноста предизвикана од колапсот на цените на нафтата, проблемите со Украина и затегнувањето на санкциите беа компензирани од привремените растови. Комбинираната нето состојба на 25-те најбогати луѓе во земјата е намалено само благо, завршувајќи ја годината со ниво од 255 милијарди долари, покажува рангирањето. Сепак 16 од 25-те руски милијардери од индексот на Bloomberg искусија пад на нето-состојбата на нивното богатство оваа година.