Во четвртиот квартал од 2021, БДП се зголеми за 2.3% на годишна основа, со што целата 2021 заврши со #раст на БДП од 4%. Овој раст е целосно во линија со проекцијата од Finance Think од 4.1%. Остварениот раст е резултат на понатамошната пост-пандемиска #консолидација на економските текови, остварен на стабилизирана основа од истиот квартал од претходната година.

Според дејности, растот произлегува од подобрите остварувања кај #услугите, и посебно оние кои беа под директен удар на пандемијата: трговијата, транспортот и хотелиерството (9.2%). Додека, падот на преработувачката #индустрија (-4.8%) продолжи (иако на висока споредбена основа), поради изразените неизвесности сврзани со ребалансирањето на глобалните пазари на стоки и импликациите за синџирите на снабдување. Сврзано со ова, #извозот (1.8%) бележи стагнација, но бруто #инвестициите (21.1%) бележат значајно закрепнување. Порелаксираното трошење во однос на 2020 и растот на платите ја поддржаа #приватната потрошувачка (5.7%), додека #јавната потрошувачка (6.5%) го одржа темпото на поддршка на пост-пандемиското заздравување, што е во линија со продлабочувањето ја буџетскиот дефицит во однос на привичните проекции (првична проекција 4.9%, а остварување од 5.3% од БДП).
🤷 Невработеноста во четвртиот квартал од 2021 понатамошно благо се намали, на 15.2% од претходните 15.7% (К3-2021). Но, се намали и вработеноста, од 47.4% на 47.3%. Овие остварувања се резултат на повторното #пасивизирање на населението (помеѓу два квартала, близу 8,000 лица престанале активно да бараат работа).

🔗 bit.ly/35QX7xe