Лебното зрно се помалку ќе се сее во Овче Поле, втората по големина житница, алармираат земјоделците од овој регион, од причина што имаат лош семенски материјал, но и доцна го фрлиле ѓубрето, чија цена е зголемена за 300 посто. Но, очекуваат добри приноси на јачменот и тоа на десет дена пред стартот на жетвата.

Недостаток на храна не ги мотивирало земјоделците да посеат житни култури на поголеми површини, Стојчов причината ја гледа во откупна цената на пчениците. Во моментов откупната цена на житото се движи околу 20 денари, но во екот на жетвата цената се намалува. Поголем дел од земјоделците порачаа дека се подготвени и да го складираат родот, чекајќи повисока цена на јачменот и пченицата.

Обединетите Нации предупредија дека глобалните залихи на пченица паднаа на најниско ниво од 2008 година, бидејќи „залихите се погодени од појава што се случува еднаш во генерација“. Кризата со пченица ја влоши Индија, еден од најголем произведувач во светот, со забраната за извоз на житарици и зголемени трошоци за земјоделците – од ѓубрива и сточна храна до гориво. Но и околу 25 милиони тони пченка и пченица, што е еднакво на годишната потрошувачка на сите најнеразвиени економии во светот, се заробени во Украина. Токму и Гувернерот на централната банка на Велика Британија, Ендрју Бејли неделава предупреди на „апокалиптично“ зголемување на цената на храната.