По остриот пад ден претходно, на њујоршки Волстрит во петокот индексите S&P 500 и технолошкиот Nasdaq пораснаа поттикнати од добрите заработки на компаниите, а според дибивката се истакна „Amazon“, кој во еден ден ја зголеми пазарната капитализација дури за 190 милијарди долари, што е најголем дневн скок на вредноста на некоја американска компанија.

И додека индексот Dow Jones во петокот ослабе, и тоа за 21,42 бода или за 0,6 отсто, на 35.089 индексни поени, индексот S&P 500 зајакна за 0,52 отсто, на 4.500 поени, додека Nasdaq скокна за 1,58 отсто, на 14.098 индексни поени.

Ден претходно, во четвртоот, индексите остро паднаа про што S&P 500 за дури 2,44 отсто, а индексот Nasdaq за 3,74 осто, под протисокот на падот на цената на акциите на „Meta“, сопственикот на најголемата социјална мрежа на светот Facebook за повеќе од 26 отсто., со што пазарната капитализација ѝ се нали за 200 милијарди долари, бидејќи вложувачите беа разочарани од послабите од очекуваните деловни резултати и стаганцијата на бројот на корисниците на социјалната мрежа.

И покрај острата корекција во четвртокот, главните акциски индекси остварија добивки на седмично нивоо, при што S&P 500 беше во плус 1,5 отсто, Nasdaq 2,4 отсто а Dow Jones за 1,1 отсто.

Во петокот според добивката се истакна акцијата на „Amazon“, чијашто цена по објавата на тирмесечната заработка скокна за 13,4 отсто, што е нејзинито најголем дневен процентен раст од 2015 година. Со тоа во еден ден пазарната капитализација на „Amazon“ порасна за околу 190 милијарди долари, што е досега најголемиот скок на вредноста на некоја американска компанија во еден ден.

Најмногу, пак, порасна цената на акцијата на „Snap“, за дури 58,8 отсто, ден по објавувањето на деловните резултати, а значително поскапе и акцијата на „Pinterest“, за 11,2 отсто.

„Овите промени на цените, од кои се грчи желудникот и солзат очите, обично се поврзува со евтини акции, а сепак се случуваат кај акциите на компаниите чија пазарна капитализација се мери во милијарди долари“, вели за Reuters Мајкл Хевсон, главен аналитичар во CMC.

Значително во петокот поскашеа и акциите во енергетскиот сектор, благодарејќи на скокот на цената на сировата нафта на највисоко ниво во последните седум години. Најмногуи скокна акцијата на „Hess Corp“ за 4 отсто, на највисокото ниво од септември 2014 година, а потао акцијата на „Occidental Petroleum“ за 2 отсто, на највисокот ниво од февраури 2020 година.

Кога станува збор макроекономските објави, американскот министерство за труд објави дека бројот на вработените во најголемата светска економија во јануари е зголемен за нето 467.000, значително повеќе од 150.000 колку што очекуваат економистите.

„За пазарот податоците за вработеноста важни се единствено во контекс на одлуките на (американската централна банка Federal Reserve) Fed, а денешниот изненадувачки силен скок на бројката на вработените го остава Fed на патот на планираното подигнување на каматните стапки во март и нивното подигнување во четири наврати до крајот на годината“, вели Бери Гилберт стратег во „LPL Financial“.

На европските берзи во петокот најважните индески завршија во „црвената“ област. Лондонскиот Ftse индекс ослаби за 0,17 отсто на 7.516 поени, франкфуртскиот DAX за 1,75 отсто на 15.099, а парискиот CAC за 0,77 отсто на 6.951 индексни поен.