Возењето велосипед има бројни придобивки по здравјето на човекот – се грижи за срцето и заштитува од кардиоваскуларни заболувања, помага за губење на килограми, но, исто така претставува и еколошко превозно средство кое ја заштитува животната средина.

Најчесто, велосипед возиме во текот на целата година, на сонце, на дожд, па дури и на минусни температури. Доколку сте решени да возите во зима, тоа што треба да го знаете е дека ви е потребна соодветна зимска опрема. Без разлика колку надвор е ладно, сите ние се заморуваме при педалирање со велосипедот, а тој напор придонесува до потење на телото, затоа, особено е важно за време на студените зимски денови да се користи соодветен вид облека која ќе оневозможи влажниот и студен воздух да допре до телото.

Продавницата и сервис за велосипеди Probike располага со голем асортиман на облека за возење и тренинг со велосипед во зимски услови.

„Нудиме зимски капи, ракавици, јакни, блузи, подмаици, зимски хеланки (познати како бициклистички) од брендовите Cube, Bicycle Line, Castelli и Ale. Зимската опрема е произведена од врвни италијански производители со долгогодишно искуство и е изработена од висококвалитетни материјали, кои не дозволуваат потење и пропуштање на ладниот воздух. Исто така, располагаме со кабаници изработени од специјално платно кое не пропушта вода, а се облекуваат како завршен слој врз целата облека за да нè заштитат од дожд“, вели сопственикот на Probike, Лазо Миновски.

Доколку сакате да купите зимска опрема, плаќањето можете да го направите и со користење на апликациите HalkPay и GarminPay. Сè што е потребно е да ја преземете HalkPay апликацијата од Google Play Store на мобилен уред со Android оперативен систем, односно Garmin Connect апликацијата на IOS или Android оперативен систем и да ги дигитализирате вашите картички. Со реализација на овој чекор, вашата картичка станува дигитализирана и имате можност да платите со вашиот мобилен уред или вашиот Гармин часовник.

На овој начин со секоја трансакција со картичките од брендот Mastercard на Халкбанк АД Скопје, вие учествувате и во наградната игра „Активирај Супермоќ“ и станувате потенцијален добитник на некоја од 60те вредни награди –  45 ваучери за спортска опрема во износ од по 6.000 денари, 6 часовници Гармин, 4 мобилни телефони и 5 ваучери за велосипед.

На следниот линк можете да ги добиете сите потребни информации за учеството во наградната игра: https://halkbank.mk/kako-da-ucestvuvam.nspx.