Во овој проект, како што посочуваат од Пакомак, се вклучени над 600 угостителски објекти од Скопје и уште над 900 од останатите градови.

Стаклениот амбалажен отпад може да биде реупотребен и сите да придонесеме кон поздрава и еколошка животна средина, соопшти компанијата Пакомак, која веќе неколку години го реализира проектот „Are You Recycling“, преку кој се собира селектираното стакло и тоа се рециклира.

Во овој проект, како што посочуваат од Пакомак, се вклучени над 600 угостителски објекти од Скопје и уште над 900 од останатите градови.

Тоа се објекти кои се истакнуваат со висока еколошка свест и кои покажуваат активна грижа за животната средина. Оваа година по својот придонес би ги истакнале скопските ресторани „Дукат” „Скопски мерак”, „Мош” „Еквилибриум”, „Рагуза”, катна гаража, битолскиот ресторан „Ловец”, штипскиот „Мал одмор” и многу други благодарение на чија вклученост во проектот месечно се собираат над 220 тони стаклен амбалажен отпад кој потоа се пренесува во фабриките за рециклирање на стакло. Тоа се количини на стаклен отпад кои предходно завршуваа во депониите кои што имаат ограничен капацитет.

– Станува збор за угостителски објекти кои имаат голема свесност за важноста да се селектира отпадот. Со ова се овозможува повторно создавање на над 600.000 шишиња месечно кои повторно ќе се преработат и ќе станат шишиња, со минимална можна потрошувачка на енергија и загадување на околината. Оваа активност досега се покажа како многу ефикасна, а од самите угостители не бара голем ангажман, освен високо ниво на еколошка култура која посакуваме да ја имаме и кај секое домаќинство во државава, изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак, кој ги повикува сите угостителски објекти да се приклучат, истакнувајќи дека иднината на успешните угостители не е само во квалитетот на услугата што ја нудат, туку и во нивната одговорност кон зачувување на средината во која работат.

Проектот има за цел да ги вклучи сите угостителски објекти од целата држава во континуирана еколошка акција за селектирање на стаклениот отпад. Станува збор за собирање на неповратна стаклена амбалажа од хотели, ресторани и кафулиња каде завршува над 50 отсто од стаклото.