kupovinaПредпразничната еуфорија полека се загрева, а со тоа и манијата на купување подароци и други работи, кои многу често не ни се потребни.

За ова најдобро сведочат “воздишките” во излозите, толпата во бутици и се разбира – испразнетите паричници.

Затоа, колку и да е тешко да се одолее на страста, можеби овој декември може да го направите тоа порационално.

За почеток, направите листа на вашите драги личности  кои сакате да ги изненадите за време на празниците. Размислете што е тоа што ќе ги воодушеви, и така спремни тргнете во шопинг затоа што така ќе можете да заштедите време и пари.

Како опција што ќе ви го олесни купувањето е купување на рати без камата со кредитни картички. Со овој начин на наплата банките заедно со трговците им овозможуваат на клиентите да ги купат подароците, опремата, облеката и се што им е потребно за празничната атмосфера по најповолни услови.

Впрочем, не е суштината да се затрпувате со работи кои всушност не ви требаат, тоа може да го избегнете само со паметен избор.