Издавањето на Охридското Езеро под концесија ќе стави ред и поголема заштита на рибниот фонд, дециден е министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Тој смета дека на овој начин ќе се зачува вредното природно богатство наспроти тврдењата на екологистите и невладините дека стопанисувањето е спротивно на препораките на Унеско.

Екологистите во неколку наврати истакнаа дека со ваквиот начин на стопанисување незаконски ќе се лови риба над дозволените квоти за личен профит, што секако не е грижа за рибниот фонд.

Новиот концесионер струшка фирма со Охридското Езеро ќе стопанисува 6 години. Невладините апелираат дека е непходен видео надзор за да се контролира работата на концесионерот.