Изготвена е и физибилити студија. Од Владата посочуваат дека со законот ќе се елиминираат злоупотребите, а законот ќе важи за сите граѓани

Идниот понеделник координативен состанок на работната група составена од меѓународни и домашни експерти за новиот предлог закон за потекло на имотот. Изготвена е и физибилити студија. Од Владата посочуваат дека со законот ќе се елиминираат злоупотребите, а законот ќе важи за сите граѓани. Според вицепремиерот за борба против корупцијата Николовски ќе следува и надградба на системот за зголемување на транспарентноста. Планот за борба против корупцијата опфаќа 18 мерки.

Над 69 илјади фирми или близу 90 проценти од правните субјекти се впишале во централниот регистар на вистински сопственици. Од таму децидни-останатите кои не го запазиле законскиот рок ќе се соочат со пречки во работата. Се укинува правото за работа во правниот и платниот систем. Според податоците како сопственици се јавуваат и странци од 88 држави. 25 лица како сопственици се јавуваат повеќе пати.

Од 28 април сите податоци за вистинските сопственици им се достапни на институциите вклучително и на банките.