Со новата дигитална услуга активирање Интернет банка со електронска идентификација OneID, Комерцијална банка им овозможи на клиентите едноставно и без посета на шалтер да ги направат личните финансии достапни во секое време и од секое место!

Комерцијална банка е горда на новото иновативно решение затоа што тоа им обезбедува на клиентите неограничен пристап од далечина до банкарски услуги и можност за вршење трансакции 24/7 по нивна желба и потреба.

Активирањето Интернет банка преку веб-страницата на Банката со електронска идентификација OneID дозволува максимална слобода и задоволство. Постапката се завршува со неколку клика, по што корисникот влегува во светот на одговорни и привилегирани лични финансии.

Интернет банката на Комерцијална банка овозможува:

  • неограничен увид во состојбата на сметките
  • вршење банкарски трансакции секогаш кога постои потреба од нив
  • пристап до голем број банкарски услуги во кој било период од денот
  • од 60% до 80% пониски надоместоци за трансакции отколку на шалтер
  • максимално безбедни трансакции и заштита на личните податоци

Секојдневните финансиски обврски не мора да бидат товар на слободно време и на задоволството. Услугата електронска идентификација и Интернет банката на Комерцијална банка ги прават финансиските трансакции брзи и ефикасни без посета на шалтер. А, корисничкото задоволство и безбедноста ги задржуваат како врвен приоритет.

Ова е уште една услуга со која Комерцијална банка како лидер на пазарот овозможи практична примена на услугата електронска идентификација во секојдневните финансиски трансакции на граѓаните. Со употреба на електронската идентификација OneID, без посета на шалтер, веќе може да се ажурираат лични податоци, а наскоро ќе може да се отвори и платежна сметка во Комерцијална банка, како и да се поднесе барање преку Интернет банка за дозволено пречекорување на сметка и за потрошувачки кредит.

Комерцијална банка останува посветена на инвестиции и развој на современи дигитални решенија, кои се составен дел и на самата корпоративна култура на банката. Нашата цел е да понудиме интегриран дигитален свет за да им обезбедиме на клиентите врвно корисничко задоволство.

Повеќе информации се достапни на следниот линк.