Дополнителни 3.769 хектари државни земјоделско земјиште преку два јавни огласи се ставаат на располагање на нашите земјоделци, најави Трајан Димковски, член на Комисија за земјоделие на СДСМ.

Димовски на прес-конференција истакна дека земјоделците можат да добијат државно земјиште под наем до 70 години за одгледување на земјоделски култури за сточна храна, за подигнување на долгогодишни насади како лозја, овоштарници и оранжерии, поставување на пчелни семејства или рибници.

„Голем и досега рекорден интерес, со 235 апликации, кај земјоделците предизвика и јавниот оглас кој беше распишан во месец март каде на располагање беа ставени дополнителни 5.722 хекатри земјоделско земјиште до 3 хектари за обработка на житни култури распоредени во 14 региони низ државата. Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство обезбедија нови 2,7 милијарди денари кои ќе бидат наменети за исплата на субвенциите земјоделците“, рече Димовски.