„Иновациите“ и селскиот итроштилак на неработните луѓе и сектори, не престануваат да изненадуваат. Од ден во ден, овие „иновации“ и нови методи за пристап до клиентите стануваат веќе уметност во продавањето магла. Тешко е да се пратат и детектираат веќе сите „фори и финти“ кои им текнуваат на најпаразитскиот, најнечесниот и најлажливиот сектор на осигурување во Македонија.

Читам денес, скоро по сите портали дека : Зголемена била потребата за осигурување во Македонија.

Вака на прв поглед, itchy наслов. Па нормално отвараш да прочиташ. Се нафрлуваат некои цифри, некои факти, ги собрал некој осмооделенец од тие што им продаваат полиси и кои лажат додека ти увалат полиса, кога кон крајот почнува да се нуди цел еден спектар на една осигурителна компанија, која најверојатно, е нарачател на објавата. Да е уште почудно, еден куп портали ја превземаат објавата, каде изричито стои дека е ПР текст, па и тој дел е превземен и изворот од оригиналната објава. Прво, и помалку важно прашање ми е : Колку требит да си глуп да превземиш од друг спонзорирана објава? Но, со оглед дека медузите фураат низ морињата 600 милиони години и немаат орган – мозок, на многу во нашата антика им дава добри шанси.

Второво, и суштинско прашање, уствари, мене следново ми е: Зошто нарачателот на објавата т.е. фиљан осигурителна компанија, не си даде културно и поштено објава за својата понуда. Нема ништо страшно во тоа. Го правиме секојдневно за сите бизниси. Она што овие ПР-џии пробале да го створат е контент маркетинг ама лошо ја извеле приказната. Значи ако вадите ваков текст, наведете цифри за целиот сектор и за сите учесници т.е. конкуренти. Вадат податоци од АСО, ама, си ја форсираат само нивната приказна. И ова не е толку чудно, секој нешто си пробува. Она што многу ме изненади е што преку насловот се пробува да се изгради некакво општо мнение дека се зголемуваат потребите за осигурување кај народот? Зошто ваков missleading? Ова, по некои стандарди, е погрешно насочување на мислење на луѓето. Јас, пак, напротив, сметам дека луѓето се помалку ќе го користат осигурувањето, особено во Македонија, а повеќе ќе се обраќаат кон старото добро штедење. Зошто? Па многу јасно… За овде осигурителна компанија да дефинира и одобри осигурителен настан а Вас да ви исплатат оштета, прво треба да се консултира со Заратустра и Џорџ Буш, па откако 18 комисија во некаков си корпоративен орган ќе одобри и востанови она што е во суштина вистина, ќе ве исплатат фракционо, доколку доброволно не се откажете од понижувањата и малтретирањата на овие тренирани хастлери и хохштаплери. Процесот ќе трае со години и ќе треба да се објаснувате на секој последен говнар во овие матни здруженија. Еднаш ќе јадев пепељара по гла, што се осудив да прашам што би се случило доколку Граве или ВФП пропаднат. Бев прогласен за еретик, незналица и ќе бев за малку распнат од оваа тоталитарна-полисофурачка-секта.

И за крај, само да кажам, дека доколку тој ваш shady бизнис да имал зголемени потреби кај населението што потреба од ваков misleading нарачан текст?

 

Наум Димитровски