Од годинава повратот на ДДВ од фискални сметки ќе се зголеми на 2.100 денари!

2023-01-10 09:59

Од оваа година повратот на данокот на додадена вредност од фискалните сметки наместо 1.800 денари ќе се зголеми на 2.100 денари. Предлог-законското решение е во собраниска процедура и ставено е како шеста точка на денешната 99. пленарна седница. Законот се носи по скратена постапка....

Девизните резерви на Македонија се 3,86 милијарди евра

2023-01-09 20:00

Девизните резерви на крајот на декември 2022 година изнесувале 3.862,9 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 38,6 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (66,4 отсто), по што следуваат валутите...

Трошоците на живот во 2022 се зголемиле за 14.2%, а цените на мало за 12.6% !

2023-01-09 19:00

Трошоците на животот во 2022 година, во однос на 2021, забележале пораст од 14.2 отсто, а цените на мало од 12.6 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во декември 2022, пак, во споредба со претходниот месец, трошоците на животот се намалиле за...

Минималната синдикална кошничка за декември 51.235 денари!

2023-01-09 18:00

На едно четиричлено семејство во декември минатата година му биле потребни 51.235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка. Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во декември 2022 година на четиричлено семејство му биле неопходни 19.226,11 денари за исхрана и пијалаци,...

Поевтинуваат дизелот и мазутот, бензините со иста цена!

2023-01-09 17:00

Од вечерва на полноќ нови цени на горивата. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,50 денари/л. Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат. Малопродажната...

За влез во Грција граѓаните ќе треба да плаќаат и нова такса од 7 евра за човек!?

2023-01-09 16:00

Од туристичките агенции велат дека се информирани за најавите дека за влез во некоја од земјите членки на ЕУ, од 2023 година ќе треба да се издвојат 7 евра, но се уште немаат добиено официјални информации од кога, како и каде ќе треба да...

На угостителството во Србија му недостигаат 20-25 илјади работници

2023-01-09 15:00

Трговија и продажба, администрација и средно раководни позиции се четирите најбарани позиции во огласите на „Инфостуд“ на српскиот пазар на труд. Во првите две области речиси секогаш броеле повеќе од 5.000 огласи годишно, но минатата година имало нагло зголемување на огласите за такви позиции,...

„Вечерњи лист“: На Хрватска и се заканува нов бран иселувања поради инфлацијата и поскапувањата

2023-01-09 14:00

Нов емигрантски бран и се заканува на Хрватска, пишува загрепски „Вечерњи лист“, притоа како причина наведувајќи ги новите поскапувања последица воведувањето на еврото и високата инфлација. „Ако младите со просечна плата од илјада евра не можат да си дозволат стан кој чини две, три...

Аргентина и Кина го официјализираа договорот за размена на валути

2023-01-09 13:00

Аргентина и Кина го официјализираа проширувањето на договорот за размена на валути, дозволувајќи ѝ на јужноамериканската земја да ги зголеми исцрпените девизни резерви, соопшти во неделата аргентинската централна банка, пренесува Ројтерс. Владата на Аргентина треба да ги обнови резервите за да ги покрие трговските трошоци...

Франција го казни Мајкрософт со 60 милиони евра за рекламни „cookies“ на корисниците

2023-01-09 12:00

Француското регулаторно тело за заштита на корисничката приватност соопшти дека го казнила американскиот технолошки гигант Мајкрософт со 60 милиони евра за наметнување рекламни „колачиња“ на корисниците. Во најголемата казна изречена во 2022 година, Националната комисија за технологија и слободи на Франција (CNIL) посочи дека...