2022-04-10 16:00
Ова е вест која ме прави горд на сè она што посветено и мотивирано го работиме како министерство заедно со сточарите и Платежната агенција”, изјави министерот за земјоделатво,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски при денешната посета на фармата „Бони Фарм” во велешкото село Црквино. Набавката...2022-04-10 15:00
Интерконекторот со Грција заедно со терминалот за течен гас (LNG) во Александруполи не се само економски, туку и проекти од стратешко значење, истакнува во интервју за МИА претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и додава дека за овие проекти биле водени...2022-04-10 14:00
Не знам која фирма до кого е блиска. Тендерите за ископ на јаглен во РЕК Битола се јавни, отворени и транспарентни и никој економски оператор не се пожалил на постапката. Истите фирми работат со РЕК Битола по 10-15 години, вели директорот на ЕСМ Васко...2022-04-10 13:00
Нафтените компании оствариле профит од околу три милијарди евра во Европа од почетокот на војната во Украина, се наведува во извештајот објавен од Гринпис, пренесува порталот ЕУ Обсервер. Помеѓу јануари и март, цените на суровата нафта се зголемија за околу 19,38 центи за литар,...2022-04-10 12:00
Месец и пол од почетокот на војната во Украина, економските шокови стануваат се посилни во целиот свет. Инфлацијата во многу, дури и во најразвиените економии, ги урива сите можни рекорди, каматите растат, многумина не се во можност да купат ни основни прехранбени производи, струјата...2022-04-10 11:00
Душко Тодевски повеќе не е стечаен управник на Еуростандард банка, а на негово место е назначен Маринко Саздовски. Промената веќе е впишана во Централниот регистар, а ја донел Основниот граѓански суд од Скопје кој постапил од барање за разрешување. Одлуката е донесена на 5...2022-04-10 10:00
Фабриката за чоколадите „Киндер“ во Белгија, во сопственост на „Фереро“, мора да се затвори откако е поврзана со десетици случаи на салмонела. Белгискиот орган за безбедност на храната AFSCA, исто така, нареди повлекување на сите производи „Киндер“ произведени во фабриката во Арлон, Белгија. Случаи...2022-04-10 09:00
Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во гостување во вестите на ТВ Сител најави дека ќе биде објавен оглас за доделување шест илјади хектари земјоделско земјиште за производство на житни култури и за пченица. Постапката за доделување привршува и огласот ќе го...2022-04-10 08:00
„ Особен фокус ставаме на производството на сончеглед и да ги мотивираме граѓаните со доплнителни мерки да ја произведуваат оваа култура. Покрај леб и брашно да имаме и масло постојано. И сите тука имаме одговорност. Имаме доволно залихи, лично се уверив во тоа. Денеска...2022-04-09 21:00
Германија годинава би можела да престане да увезува руска нафта, кажа денес канцеларот Олаф Шолц, сигнализирајќи го притисокот врз најголемата европска економија да престане да зависи од енергијата од Русија по нејзината инвазија на Украина. Шолц одговараше на новинарско прашање дали чувствува срам за...