Во организација на Gitr Macedonia, од 1-ви до 3-ти декември ќе се одржи Старт-ап натпревар .

– За оние кои имаат идеи, претприемачки способности, натпреварувачки дух и желба за дружба Get In The Ring е идеалниот старт-ап хакатон. GITR е старт-ап настан преку кој се доближуваат новитетите на маркетот и потенцијалниот пазар во земјата и странство, до новите и идни старт-ап компании. Оваа година, GITR ќе биде online тридневен хакатон од 1ви до 3 декември, а темите за развивање идеи ќе бидат од отворен карактер, соопштуваат од организаторите на старт-ап натпреварот.

Целта на овој настан, информираат од Gitr Macedonia, е преку помош од луѓето кои го поминале патот и стигнале до успешни старт-ап компании, со нивната пасија и тајна за успех, да се поттикне иницијатива за креативни идејни решенија, а на веќе постоечките да им се потпомогне во понатамошниот раст и развој.

На хакатонот пријавите можат да бидат и индивидуални и во тим, без разлика на годините и дали се студенти или вработени.

– Изборот на учесниците се извршува на следниов начин: по завршување на пријавниот рок (19.11) ќе се изврши селекција на најмногу 20 тимови кои ќе бидат дел од Хакатонот; во втората фаза од селекциите, односно во полуфиналниот дел обезбедуваат место 6 тима, кои ќе се натпреваруваат за во финале и во финалето ќе влезат најдобрите 3 идеи, посочуваат организаторите.

Заинтересираните за хакатонот ќе можат да аплицираат на следниот линк.