Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022 се одржува за прв пат и единствен во нашата држава посветен на фризерите, меѓутоа е продолжение на досега направени два фестивали од ваков вид во Прилеп, но сега ребрендиран и подигнат на високо професионално ниво од меѓународен карактер.

Организатор на фестивалот е Здружение за настани, манифестации и едукации ПРОЕВЕНТ – Прилеп во соработка со Секцијата на фризери, бербери и козметичари – Прилеп. Директор на фестивалот е Крешимир Крешо Здравески, кој е воедно и креатор и реализатор како на претходните, така и на овој фестивал. Open beauty Hair Fest ќе се состои од:

– Саем со штандови на кој ќе се претстават еминентни светски брендови за производи на нега на коса, опрема и алати, како од земјата така и од Италија, Србија

– Сценски шоу настапи на еминентни фризерски имиња од Македонија и како специјални гости ни доаѓаат два тима од Србија, европски и светски носители на награди и едукатори во областа на фризерството

– Забава, на која ќе се дружиме и дополнително ќе ја збогатуваме меѓусебната соработка Фестивалот ќе започне од 11ч. со дел посветен на нашите најмили насловен како Фризерско детско шоу и да присуствуваат на настан на кој ќе има многу забава, изненадувања и едукации.

Учество ќе земат Денс студио Њу џенерејшен, Детскиот хор Весели ѕвончиња, маскоти, аниматори како и едукативна презентација од стручно лице, претставник на Зегин, кој е воедно и еден од покровителите на фестивалот, кој ќе ги едуцира дечињата преку интересна интеракција и анимација за нега и грижа за детското здравје. Исто така децата ќе видат нови модни трендови на коса и прекрасни детски фризури, за што ќе има професионален сценски настап со деца модели.