Прехранбените компании да ги вратат субвенциите за струја што ги земале од државата – организацијата на потрошувачи со остри критики за производителите кои не ги намалија цените на основните продукти. Од купувачите добиле поплаки буквално за се: напумпани цени, намалена грамажа, една цена на рафт – друга на каса. Токму затоа бараат наместо кај фирмите, парите да завршат кај граѓаните преку други мерки.

Парите треба да се вратат во буџетот, од каде што се земени. И тие средства на друг начин да им се вратат на граѓаните. Нешто намалиле…осетивте ли? Ништо не осетивте. Владата треба да сериозно да размисли. Прво, да се вратат парите назад и второ, навистина да се заштитат граѓаните, а не како што викаат само ранливата категорија. Сите сме веќе ранлива категорија. И четиричлено семејство со две мали деца е ранлива категорија ако се со просечна плата“ – Марјана Лончар Велковска, претседател на ОПМ

Компаниите секогаш ќе наоѓаат причина за цените на продуктите затоа што не сакаат да се откажат од профитот, вели Лончар. Потенцира дека замрзнатите маржи не дале никаков ефект, па единствена опција останува замрзнување на цените.

Ние знаеме дека тоа не е популарна мерка. Па ќе почнат да ги симнуваат производите од рафтови, па ќе почнат да ги кријат…тоа е нечесна пазарна пракса, па ајде ќе ги казнуваме. Излегува дека нас ни е целта да ги казнуваат. Не ни е тоа целта.“ – Марјана Лончар Велковска, претседател на ОПМ

Дека најголем скок има кај цените на храната, потврди и статистика, која пресмета дека минатиот месец животот бил поскап за 17%.