Дел од договорите за извоз на земјоделски производи на украинскииот пазар се веќе прекинати. Земјоделците стравуваат дека следува и прекин на веќе скучените договори и кон рускиот и белорускиот пазар.

Јаболка, праски, кајсии, грозје и градинарските култури во најголем дел се извезуваат на овие пазари. Со оглед на состојбата постои опасност целото производство на овие производи да пропадне. Потрагата по алтернативни пазари за пласман на овие производи непходно е уште сега да почне, со помош на на власите велат земјоделците.

„Како земјоделци сме исплашени, барем од информациите од преспанскиот дел се дека прекинат е извозот кон овие пазари за конзумното јаболко за продажба од претходната реколта. Во ризик се ставени и сите останати производи. Незнаеме како ќе биде, може да се раскинат договори со купувачите за рускиот, украинскиот и белорускиот пазар за тоа ќе трпат земјоделците. Мал дел од нашето производство завршува на пазарите на ЕУ, како алтернативени пазари за овие производи се соседните земји и Казахстан“, велат од Националната федерација на фармери.

Земјоделците велат дека 80 проценти од нивното производство за овие производи се извезува кон овие земји. Од ресорното министерство уверуваат дека мерки ќе има навремени, во моментов се прават анализи.

„Доколку е потребно навремено ќе излеземе со мерки за земјоделците со цел да обезбедиме сигурен пласман. Станува збор за праски, јаболка, тутун, грозје, сите анализи се прават и сите контакти и работи кои ги превземаат секторите, вкучително писмено се обративме до сите дипломатски представништва. Паралелно Владата во следниот период ќе размислува и за другите интервентни мерки во земоделството“, велат од Министерсво за земјоделство.

Пред само неколку дена превозниците се соочија со проблем на границата на Украина обидувајќи се да ги испорачаат прозводите меѓу кои и количини на јаболка. Откако беа запленети од македонското МНР денеска соопштија дека камионите се вратени на транспортерите.

„На транспортерите на камиони на граничниот премин меѓу Украина и Полска – „Јагодине” им беа вратени камионите и превезуваната роба, што претходно беа запленети од страна на украинските локални власти. Со ваквиот чекор, а благодарение на преземените дипломатски активности беше решен проблемот на нашите превозници и беа избегнати големи материјални штети за нивните компании“, велат од Министерство за надворешни работи.

И од здужението за превозници МАКАМ-ТРАНС претходно апелираа на итни мерки од властите, бидејќи со самиот почеток на воениот конфликт, превозниците веќе имаат загуби.