Еден дел од уредбите ќе бидат донесени уште утре, пред се уредбата што се однесува на минималната плата, како и уредбите за занаетичиите, значи фризерите, автомеханичарите итн.

Просечната каматна стапка на  кредитите, во јануари годинава, забележа минимален месечен пад од 0,01 процентни поени и изнесува 4,62 отсто, додека на годишна основа, просечната каматна стапка на кредитите е намалена за 0,31 процентни поени, покажуваат последните објавени податоци на Народната банка.

Според податоците просечната каматна стапка на депозитите изнесува 0,93 отсто, што претставува месечно и годишно намалување од 0,02 процентни поени. односно  0,27 процентни поени.

Во јануари, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,98 отсто и оствари месечен раст од 0,20 процентни поени, додека на годишна основа е пониска за 0,48 процентни поени. Просечната каматна стапка на новопримените депозити е намалена за 0,06 процентни поени. на месечно ниво и изнесува 0,62 отсто. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити забележа пад од 0,33 п.п., покажуваат податоците.

Просечната каматна стапка на кредитите одобрени на корпоративниот сектор, овој месец, е пониска за 0,02 процентни поени на месечно ниво и изнесува 3,71 отсто. Надолната промена,наведуваат од Народната банка, е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,04 и 0,01 процентни поени, соодветно), во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п.). Каматната стапка на кредитите на корпоративниот сектор е намалена за 0,42 процентни поени на годишна основа.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,60 отсто и забележа месечно зголемување од 0,18 п.п, која промена се должи на зголемувањето кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,56 процентни поени) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,05 п.п, соодветно). Податоците покажуваат дека во споредба со истиот период минатата година, оваа каматна стапка е пониска за 0,59 процентни поени.

Каматната стапка на депозитите на корпоративниот сектор е непроменета во однос на претходниот месец и изнесува 1,22 отсто, а на годишно е намалена за 0,26 процентни поени.

Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор изнесува 0,40 отсто и забележа раст од 0,02 процентни поени, на месечна основа, додека на годишна основа е намалена за 0,31 процентни поени.

Каматната стапка на кредитите на домаќинствата е остварен бележи месечен пад од 0,01 процентни поени и изнесува 5,45 отсто, додека на  годишна основа, просечната каматна стапка на кредити на домаќинствата бележи пад од 0,24 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,56 отсто и се зголеми за 0,18 процентни поени, на месечно ниво. а на годишна основа, бележи намалување од 0,35 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 0,89 отсто и бележи месечен пад од 0,03 п.п, а на годишнаоснова е пониска  за 0,28 процентни поени.

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата во јануари, бележи
месечно намалување од 0,19 процентни поени и изнесува 0,66 отсто.  На годишно ниво, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,41 процентни поени.