Oil_wellЦената на барел нафта на меѓународните пазари падна во пресрет на објавувањето на неделните извештаи за статусот на американските залихи, кои се очекува да укажат на ново високо ниво. На лондонскиот пазар цената на нафтата падна за 43 центи во однос на претходното затворање и изнесува 64,40 $. На американскиот пазар се тргуваше за 40 центи пониска цена, од 56,59 $.

Се проценува дека американските комерцијални залихите на сурова нафта минатата недела се зголемиле 16 недела по ред, над рекордните 489 милиони барели, иако бројот на активни бушотини е намален, според прелиминарното истражување на Ројтерс објавено во понеделникот.

“Цените на суровата нафта нагло скокнаа врз основа на очекувањата дека производството во САД ќе опаѓа, како и залихите. Статистика ќе треба тоа да го потврди, пред да тргнеме во понатамошна набавка на нафта”, изјави Olivier Jakob од швајцарската Petromatrixa.

Саудискиот министер за нафта Ali al-Naimi во Пекинг изјави дека очекуваат континуиран раст на побарувачката во Азија и дека Саудиска Арабија, најголемиот извозник во светот, е подготвена да ги задоволи овие барања.

Судирите во Јемен, Сирија и непланираниот застој на производството во Северното Море и Бразил, резултираше со тоа да Barclays ја подигне прогнозата за цените на нафтата за 9 $ на 60 $ во 2015, а во 2016 година за 8 $ на 68 $. Од Barclays, исто така предвидуваат пораст на цената на барелот на пазарот во САД оваа година за 8 $ на 54 $, а во 2016 година за 7 $ на 64 $. Сепак, од банката предупредуваат дека пазарот на нафта се уште не ги има решено своите проблеми и поради слабите фундаменти ќе преовладува оптимистичко расположение на пазарот во текот на вториот квартал.