Цените на нафтата паднаа во среда по податоците што покажаа зголемување на залихите на сурова нафта и гориво во САД минатата недела, иако тековните напади на САД и Иран и прекините во превозот низ Ормускиот теснец ги ограничија загубите.
Фјучерсите за сурова нафта Брент паднаа за 61 цент, или 0,7%, на 92,53 долари за барел во 05:50 часот по Гринич. Фјучерсите за американскиот ВТИ изгубија 1,24 долари, или 1,4%, на 84,77 долари за барел.

„Суровата нафта е заглавена помеѓу постојана премија за геополитички ризик од нападите врз танкери и ескалацијата на американско-иранските напади, и сè понеповолното расположение од  аналитичари кои прогнозираат значителен пазарен суфицит“, рече Вандана Хари, основач и извршен директор на „Ванда Инсајдс“.