Во германските трговски центри за мода, потрошувачите можат да очекуваат големи попусти на цените откако ќе се запре заклучувањето поради коронавирусот.

„За многу производи, ќе има попусти од 80 до 90 проценти, така што задржаната стока ќе може да продолжи да се продава“, изјави за „Рајнише пост“, Ролф Пангелс, извршен директор на Федералното здружение на трговци со текстил (БТЕ).

Продажбата на пролетни производи веројатно ќе биде поврзана и со големи попусти.

„Тоа нè оптеретува во текот на целата година“, рече Пангелс, осврнувајќи се на ограничувањата и затворањето на продавниците поради пандемијата на короната, пренесува порталот Индикатор.

Ако заклучувањето се продолжи понатаму, на крајот ќе има уште повеќе понуди.

„Ако биде продолжено, ќе спакуваме непродадена стока во големи камиони и ќе ја фрлиме содржината пред канцеларијата“, објави Пангелс.

Индустриските експерти веќе посочија дека може да се очекуваат вистински „битки со попусти“ по повторното отворање на продавниците. Според претходните проценки на БТЕ, половина милијарда непродадени модни производи може да се акумулираат во продавниците до крајот на февруари.

Претежно се работи за зимски производи кои ја губат вредноста од ден на ден, со оглед на претстојната пролет.