Станува збор за исплата на субвенции за одржување овошни насади и за мерката директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати околу 412.000.000  денари ( 6.6 милиони евра) субвенции на 9.738 субјекти. Станува збор за исплата на субвенции за одржување овошни насади и за мерката директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години.

Од Агенцијата информираат дека пари од денешната исплата има на сметките на сите кои поднеле барања за финансиска поддршка од Програмата финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година и законски се стекнале со право на оваа финансиска поддршка.

Право на користење на поддршката за овошни насади имаат производителите на сливи, круши, јаболка, праски, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, бадеми, лешници, рибизли, гоџи бери, аронија.

Корисници на мерката директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години се сите земјоделски стопанства кои земале финансиска поддршка во 2017, 2018, 2019 година и истите не биле корисници на останати подмерки.