Сметките за струја на фирмите им се покачени за двојно и тоа неминовно ќе доведе до зголемени цени на нивните услуги што ќе резултира и со помала побарувачка. Не само во земјава, туку и во цела Европа, бизнисите не се сигурни уште колку долго можат да преживеат.
Без разлика на сите промени и очекувања дека угостителите ќе можат и понатаму да ги задржат постојните цени, за жал реалноста е поинаква, бидејќи покрај енергенсите и добавувачите поради зголемените трошоци за производство ги покачиле цените на храна и пијалоци. Од друга страна, ако ги споредиме трошоците за струја минатата и оваа година, сметките се без малку двојно и повеќе поголеми во зависност од договорот со добавувачот на електрична енергија.

Претседателот на независната комора на угостители Здравко Јосифовски вели дека без разлика на сите промени очекуваат дека угостителите и понатаму ќе ги задржат постојните цени, но, за жал, како што вели, реалноста е поинаква, бидејќи добавувачите поради зголемените трошоци за производство ги покачиле цените на храна и пијалоци. Од друга страна, според него, ако се споредат трошоците за струја минатата и оваа година, сметките се без малку двојно поголеми.

Многумина од угостителите во своите угостителски објекти користеа алтернативни други добавувачи на електрична енергија во комбинација со ЕВН од кои мораа да се откажат, бидејќи новите сметки почнаа да доаѓаат врз основа на берзанската цена и повторно да се назад на универзалниот добавувач во случајот ЕВН Хоум или ЕВН дистрибуција со што во моментов плаќаат електрична енергија по цена од 11 и пол денари плус ДДВ која што е повторно двојно поголема во однос на истата цена минатите години која што е плаќана за време на овој период.