Утре, 16 мај, во Народната банка на прес-конференција, ќе бидат претставени најновите макроекономски проекции – априлските проекции, кои се дел од редовниот циклус на проектирање на централната банка. Проекциите ќе бидат презентирани од страна на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во присуство на вицегувернерите.

Покануваме ваша новинарска екипа да го проследи настанот кој е со почеток во 11 часот во Народната банка (настанот ќе се одвива на 8-миот кат, од логистички причини посочуваме дека соодветно време на пристигнување е 10.45 часот).