Премиерот Зоран Заев денеска во Музејот на современа уметност во Скопје ќе се обрати на промоцијата на инвестицискиот план на канадската компанијата „Магна“, која започна со изградба на фабрика во ТИРЗ „Струга“.

Како што соопшти Прес-службата на Владата, на настанот ќе присуствуваат и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, како и директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски.

На промоцијата ќе биде одржана виртуелна 3Д презентација на инвестицијата, а ќе се обрати и потпретседателот на „Магна“, Дејвид Креспи.