СДСМ останува целосно посветена на навремена, конкретна помош и поддршка за земјоделството како клучна стопанска гранка во нашата држава, се наведува во партиското соопштение.

Во тој правец, отворен е јавен повик за мерката 7, поточно нов повик од Програмата ИПАРД 2 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси” со што во наредниот период на микро и малите претпријатија на раполагања им стојат 9,6 милиони евра за имплементација на инвестиции во бројни сектори.

Клучната цел на оваа мерка е поттикнување на вработувањата, како и зголемување на економската активност во руралните средини, преку развој и промоција на руралниот туризам, зачувување на занаетчиските активности и мотивирање на руралното претприемништво.

Мерката 7 можат да ја користат и физичките и правни лица кои спаѓаат во рангот на микро и мали претпријатија.

Износнот на финансиската поддршка се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, додека повратот на инвестициите е во висина од 65% од вкупните прифатливи трошоци.

Со оваа мерка се поддржани следните приоритетни сектори: инвестиции во алтернативно земјоделско прозводство, инвестиции во производство на прехрамбени и не-прехрамбени производи, инвестиции во занаетчиски дејности, инвестиции во услуги за руралното население и инвестиции во руралниот туризам.

Вкупниот буџет за оваа мерка изнесува 9,6 милиони евра, од кои 75% од средствата се обезбедени од ЕУ фондови, додека 25% е национално, државно кофинансирање. Повикот е отворен до 22 август, а сите детали се објавени на веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Реализацијата на овој јавен повик значи искористување на средствата кои ни се на располагање од ИПАРД 2 програмата, со што како држава ќе останеме на лидерската позиција меѓу земјите од Западен Балкан во искористливост на средствата од ИПАРД.

Сите овие средства имаат позитивно влијание врз постојните, но и отворањето на нови мали и микро претпријатија кои се главните двигатели на домашната економија.