Во насока на континуирано спроведување и реализирање на зацртаната агенда, покрај веќе отпочнатите шестмесечни обуки за Бизнис лидери и за Развој на мали и средни бизниси, денеска Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора на Северна Македонија започнува со реализација на првата четиримесечна Програма за развој на стартап бизниси, што треба да заврши во јуни годинава.

Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, како еден од останатите три новоформирани Совети во Стопанската комора на Северна Македонија, функционира од минатата година.
Пред почетокот на настанот за отворањето на Програма за развој на стартап бизниси изјави за медиумите ќе дадат Глигор Бишев, претседател на Советот за високо образование и стратешки истражувања, Ристо Иванов, креатор на програмата за стартап компании и Михаела Поповиќ, основач на стартап компанијата „АВАВ“.