На страницата kupuvamdomasno.gov.mk се објавени списоците со имињата на граѓаните кои добиле финансиска помош од 100 евра за купување домашни производи.

Секој граѓанин треба да го внесе само  матичниот борој и да види дали е на списокот.

Според законот, парите на граѓаните ќе им бидат уплатени на нивните жиро сметки и ќе можат да ги користат само за купување домашни производи. Рокот да се потрошат парите е 25 декември.

Финансиската поддршка во износ од 6.000 денари е намената за ранливите категории на граѓани се однесува на  стечајни работници, самохрани родители, корисници на пензија до 15.000 денари, пасивни баратели на работа, уметници, граѓани од 16 години до 29 години, деца без родители.