ЕСМ го разреши Мирсад Црновршанин од диркторската позиција на подружницата ЕСМ продажба преку која се увезува електрична енергија за потребите на државното електростопанство и ги продава нејзините вишоци на струја. Црновршанин за директор на подружницата ЕСМ продажба беше именуван на 1 септември со мандат од една година.

За нов директор е назначен Златко Пиперковски, поранешен директор на РЕК Осломеј, разрешен од таа функција пред една година.

Досега како директори на ЕСМ продажба се сменети четворица директори – на оваа позиција беа и Александар Обрадовиќ, поранешниот советник на поранешниот премиер Зоран Заев, Синиша Ивановски, поранешниот директор на ЕЛЕМ трејд.