Со ребалансот на Буџетот за 2022 година обезбедуваме одржување на макроекономската стабилност но и поголема поддршка и помош како за граѓаните, така и за компаниите.

Над 76 милиони евра се обезбедени за следниот пакет антикризни мерки за справување со последиците од светската економска и енергетска криза.

За поддршка на земјоделството за да се поттикне зголемено домано производство, обезбедени се дополнителни 3,2 милијарди денари, односно 32 милиони евра.

Преку ребалансот се обезбедија средства и за повисоки плати во образованието и детската заштита како и за рекордно зголемување на пензиите од септември за над 320.000 пениознери.

Овој ребаланс на Буџетот на дело ја потврдува заложбата на СДСМ за стабилна и развојна економија но и за повеќе пари во секое семејство.

Владата предводена од СДСМ покажува капацитет во справувањето со последиците, покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани.

И во време на глобална економска и енергетска криза, како одговорна партија, продолжуваме да водиме економски политики што го штитат стандардот на граѓаните.


Центар за комуникации на СДСМ