Владата на денешната 107-ма редовна седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Предложените измени ќе го подобрат фискалниот капацитет и ќе ги зголемат приходите на општините преку постепено зголемување на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход, со цел поголема финансиска самостојност и стабилност на единиците на локалната самоуправа.

На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање Владата ја разгледа и ја усвои информацијата и го прифати текстот на Билатералниот договор помеѓу Европската Унија и Македонија за ко-финансирање на големиот инвестициски проект „Интегриран и самоодржлив систем за управување со отпад во Источен и Североисточен регион”.