Комерцијална банка го промовираше новиот револвинг потрошувачки кредит (СМАРТ кредит) кој е наменет за физички лица и во денари, истиот има и вклучено осигурување во случај на спреченост за отплата.

Новиот СМАРТ потрошувачки кредит може да се користи преку наменска картичка за подигање готовина од банкоматите на Банката, или со вршење безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на сопствена трансакциска сметка на Корисникот во Банката. Овој хибриден кредитен производ е комбинација помеѓу потрошувачки кредит и кредитна картичка на клиентите им овозможува повеќекратно користење на одобрените средства од кредитот преку картичка.

Со новиот СМАРТ кредит од Комерцијална банка добивате потрошувачки кредит и кредитна картичка во едно. Уште поважно, располагате со максимум 400.000 денари, кои ги трошите секогаш кога имате потреба од нив бидејќи кредитот се карактеризира со едноставна процедура за одобрување и без ограничен рок на важност.

Овој кредит има уште една поволност за корисниците, во случај на спреченост за отплата вклучува осигурување без надомест, преку Триглав Осигурување.

Расположивите средства од кредитот се достапни 24 часа на ден преку банкомат. Дополнително, преку услугите Интернет банкамБанка и SMS банкарство на Комерцијална банка во секое време можетеда ги следите промените во состојбата на вашата сметка.

Промотивниот период без надомест за аплицирање и обработка трае до 31.12.2020 година.