Како Здружение на потрошувачи СОЛИДАРНОСТ, сме особено загрижени за последните случувања во поглед на зголемување на цената на пелетите.

Имено Владата сака да изврши зголемување на ДДВ-то на овој енергенс од 5% на 18% што неколку месеци пред започнување на грејната сезона дополнително ќе го оптовари џебот на граѓаните.

Нашето Здружение бара додека не е доцна парламентарното мнозинство да го прифати амандманот поднесен од една од пратеничките групи со кој се предвидува за овој енергенс стапката на ДДВ да остане 5%.

Со ова ќе се излезе во пресрет на над 50.000 домаќинства кои ги користат пелетите за затполување во зимскиот период и би се заштедиле околу минимум 6000 денари од домаќинство.

13% поскапување на цената значи плус 2000-2500 денари по тон, а секое домаќинство во текот на една грејна сезона троши од 3 до 4 тони.

Доколку не се излезе во пресрет и не се прифати нашето барње ќе пристапиме кон протести пред Министерството за финансии.