Владата неодамна ја објави листата на 12 надворешни советници на премиерот Димитар Ковачевски. Објавени се и хонорарите – најголемиот дел ќе добиваат хонорар од по 36.000 денари. Банкарот Глигор Бишев тоа ќе го прави за 0 денари, а советникот за национална безбедност Зоран Верушевски ќе добива 74.618 денари.

На листата е и Јоханес Хајдекер, поранешен советник на долгогодишната германска канцеларка Ангела Меркел, кој ќе биде платен од Владата со 36.000 денари месечно. Тој е ангажиран како „надворешен советник – интегриран експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија“.

Хајдекер беше надворешен советник за зајакнување на капацитетот на економскиот тим на премиерскиот кабинет и во 2021 година, кога премиер беше Зоран Заев.

Валтер Дефа, е името на вториот Германец кој ќе го советува Ковачевски. Тој е номиниран од Канцеларијата на германскиот канцелар и не е на платен список на македонската Влада.

Меѓу советниците се професори од Економскиот факултет, Правниот факултет, Факултетот за електротехника и информатика, поранешни пратеници, но и заменици-министри.

Тука се имињата на професорот Предраг Трпески од Економскиот факултет кој е експерт за пазарот на трудот, професорот од Правниот факултет Ванчо Узунов е назначен за надворешен советник за Берлински процес, за политиките од областа на енергетиката надворешен советник е Антон Чаушевски, професор од Факултетот за електротехнички и информатички технологии, Глигор Бишев кој има богата професионална биографија во банкарскиот сектор е надворешен советник за рационализација и оптимизација на процеси, Нина Фити-Неделковска ќе продолжи да ја врши функцијата надворешен советник за финансии, Исмет Рамадани е надворешен советник за евроатлански вредности, Драган Василевски за одбрана, надворешна советничка за здравство е доцент д-р Ана Данева-Маркова од Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ во Скопје, Спасе Додевски е надворешен советник за образование и социјала, Симона Ристеска која е професорка на повеќе предмети на Warwick Business School во Велика Британија е советничка за даночна политика, Маја Ангеловска е надворешна советничка за дигитализација.

Зоран Заев како премиер имаше повеќе од 50 советници, а тогаш хонорарите беа во просек 1.500 евра