Република Србија на денешната аукција продаде 12-годишни државни обврзници во вредност од 5,685 милијарди динари, соопшти Управата за јавен долг. Денеска повторно беше отворена емисијата на 12-годишни државни обврзници на Република Србија, која доспева на 20 август 2032 година, прво емитување на 18 февруари 2020 година.

Обемот на аукцијата изнесуваше 16.333.300.000 динари со купонска стапка од 4,50 отсто. Вкупниот обем на побарувачка изнесува 9.675.330.000 динари, а реализирани се 568.500 државни обврзници со номинална вредност од 5.685.000.000 динари.

Државните обврзници се продаваа со годишен принос од 6,75 отсто, а доспеваат на 20 август 2032 година, објави Танјуг.