Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски вели според плановите, зоната ќе функционира со нов концепт, со кој ќе се привлекуваат домашни и странски инвеститори од областа на високотехнолошки напредни технологии

-Нашата цел е на одредено дефинирано парче земја која е некаде околу 35 хектари во близина на главниот град, паметно да ги искористиме ресурсите со кои оваа држава располага. Тоа се младите луѓе и интелектуалниот капацитет кој неспорно постои. – Јован Деспотовски

Деспотовски вели, целта е да се генерираат инвестиции во износ од 850 милиони евра во наредните десет години, а во оваа индустриска зона, според него би требало да бидат ангажирани од 4,500 до 5,000 млади луѓе.

-Наша цел, и тоа го поставивме уште на почетокот на мандатот, користите односно бенефитот од ТИРЗ да не биде достапен само за странските компании, да не биде достапен само за вработените во тие компании, туку да бидат достапни за еден широк круг на граѓани од нашата држава.- Јован Деспотовски

Инаку само од почетокот на 2022 до денес, во веќепостоечките ТИРЗ зони се склучени договори во вредност од 170 милиони евра… Две компании ги зголемуваат своите капацитети, додека пак две други се целосно нови на македонскиот пазар.