Oil_wellЦените на нафтата се намалија, откако  Саудиска Арабија соопшти дека е подготвена да го зголеми производството на нови рекордни вредности, што би можело дополнително да ја зголеми ионака прекумерната понудата. Цената на нафтата на лондонскиот пазар поефтини за 32 центи на 64,79 долари, додека на американскиот пазар за 53 центи на 60,24 долари.

Саудиска Арабија соопшти дека преговара со индиските клиенти за испораките на дополнителни количини на сурова нафта, што значи дека водечкиот извозник на Блискиот Исток би можел да го надмине рекордот од 10,3 милиони барели на ден, колку што произведиваат во мај.

Меѓународната агенција за енергетика (IEA) објави дека побарувачката на нафта во светот оваа година ќе се зголеми повеќе отколку што се очекуваше, на крилата на економското закрепнување и релативно студената зима на северната хемисфера.

Аналитичарите на JBC Energy изјавија дека растот е фокусиран во првата половина на оваа година, што значи дека ќе го изгуби моментумот кон крајот на годината.

“Ние веруваме дека … растот веројатно ќе успори во втората половина од годината и ќе спласне ценовниот раст што е забележан во текот на изминатиот квартал”, соопштија аналитичарите.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) на својата веб-страница објави дека цената на барел референтна сурова нафта во четвртокот изнесувала 62,14 долари, што значи дека пад од 27 центи во однос на претходниот трговски ден.