trader_1963744bТурбулентен почеток на годината
– Изборите во Грција
– Инфлацијата во негатива
– Европската Централна Банка спремна да реагира
И додека економијата на САД при крајот на годината (2014) почна да забрзува, во евро зоната нема никакви знаци за излез од кризата. Напротив, финансиските пазари се главно преокупирани со Грција и резултатите кои таму настанаа со изборите. Имено, победничката партија СИРИЗА бара прекин на мерките и политиките за штедење и ново реструктуирање на грчкиот долг. Но , ќе нагласиме , дека заеднички интерес и за Грција и за кредиторите е истите да изнајдат решение.
Среднорочните економски показатели прават малку за дефокусирање од стравот за политичката несигурност. Индустриското производство во ноември 2014 забележа пад во неколку главни економии на еврозоната, не само Франција, што се должи на пониското производство на енергенси. Доверливите анкети кои беа објавени минатата недела ( ПМИ, Европска Комисија ) сугерираат дека економијата во еврозоната останала прилично слаба и при крајот на годината.
Во декември 2014 година инфлацијата во еврозоната премина во негативна зона ( – 0,2 % ) за прв пат од 2009 година. Овој пад е главно деривиран од падот на цената на енергенсите, кој пак своевремено феномен е сам за себе, кој нити е општо раширен, нити е сaмоодржлив, двете карактеристики на права дефлација. Но ризикот секако постои и според последните случувања на пазарите и последните најави, можеме да заклучиме дека Европската Централна Банка дефинитивно е спремна за да реагира.