Централната банка се бори со депресијата на лирата и на пазарот постојано вбризгува девизи. Тоа има тенденција да ја поддржи лирата, но во исто врме се намалуваат и државните девизни резерви. Тие неодамна од 81 достигнаа 51 милијарда долари.

Турција се соочува со нова валутна криза, зголемувајќи ги проблемите во земјата која веќе се бори со последиците од пандемијата на коронавирусот. Ова е добра вест за туристите, но не и за Турција. Лирата од почетокот на годината изгубила петина од својата вредност во однос на американскиот долар, а вчера го достигна својот рекорден минимум во однос на американската валута, објави Банкар.рс.

Депресијата на лирата значи дека увозот во земјата, сиромашна од сировини и зависна од увоз станува скап, а тоа ја придвижува инфлацијата која моментално измесува 12 отсто.

Покрај тоа, турските компании имаат големи долгови во странство. Рејтин агенцијата S&P проценува дека повеќе од третина од сите кредити се земени во странски валути. Поради тоа многу компании имаат голем проблем, тие заработуваат во слабата Лира, а долговите мора да ги исплаќат во поскапите валути.

Ситуацијата ја отежнува и коронавирусот. Важната туристичка индустрија-туризмот е оптеретен се отсуството на странските гости, кои обично трошат многу пари, а сега на оваа земја и се потребни итно странски пари.

Пролета 2019 година приходите од туризам изнесувале околу осум милијарди долари, но во првата половина од оваа година бројот на странските гости се намалил за 75 отсто, и изнесувал само 4,5 милиони.

Централната банка се бори со депресијата на лирата и на пазарот постојано вбризгува девизи. Тоа има тенденција да ја поддржи лирата, но во исто врме се намалуваат и државните девизни резерви. Тие неодамна од 81 достигнаа 51 милијарда долари. Од минатата година централната банка и државата потрошиле повеќе од 110 милијради долари за поддршка на девизниот пазар. Аналитичарите велат дека падот на лирата не е само поради коронакризата, туку и поради лабавата монетарна политика на турската централна банка. И покрај алармантната состојба, банката и понатаму продолжила да ги намалува каматните стапки од 24 на 8,25 осто за помалку од една година.